Се реконструираат трибините во Спортската сала во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Започната е реконструкцијата на внатрешниот дел од Спортската сала во Куманово, откако претходно беше променет кровот.

Loading...

Како што објави градоначалникот Максим Димитриевски, во тек е реконструкција на трибините во салата.

Општината како што е веќе познато, ќе одвои над 12 милиони денари за внатрешното уредување.

Освен трибините, се очекува спортската сала да добие целосно нов лик, а да се смени и подот, но и да се набават нови спортска опрема и реквизити.

 

 

 

Вредноста на оваа реконструкција граѓаните ги чини 12 милиони денари и е единствена голема инвестиција во овој објект откако истиот е изграден некаде во шеесетите години на минатиот век.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 93.000 лица утре со право на глас во Куманово

Реконструкцијата се одвива во повеќе фази согласно средствата што се обезбедуваат.

Во овој момент се прават напори да се обезбеди финансирање и на системот за затоплување на гас, но и за ладење.

Никола Ивановски