Се реконструира внатрешноста на Спортската сала во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во тек се активностите за реконструкција на внатрешноста на Спортската сала во Куманово, информираше денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

 

 

Финалното машинско чистење на подот се одвива деновиве, при што ќе се нанесе епоксиден материјал, а потоа ќе следува и местење на паркетот.

 

 

Loading...

Претходно се работеше на реконструкција на боксерската сала и трибините, а целиот проект за промена на внатрешниот лик на спортскиот објект ќе чини 12 милиони денари.

 

 

Во проектот е предвидена и набавка на нова опрема и реквизити, а претходно беше сменета целосно кровната конструкција.

 

 

Loading...

Засега не е познато кога ќе бидат завршени сите градежни активности, но одредени неофицијални информации велат дека локалната самоуправа се надева кон средината на пролетта спортистите повторно да влезат во неа.

 

 

Ова е само еден од спортските објекти во градот кои беа во очајна состојба. Паралелно се врши реконструкција и на внатрешноста на објектот Соколана, а деновиве нов изглед доби и игралиштето за кошарка во рамките на тој спортски комплекс.

 

Никола Ивановски

Loading...