Се реконструира објектот на кумановската полиција (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Започната е реконструкцијата на објектот на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

Станува збор за еден од најстарите објекти на полицијата во целата држава, но и во најлоша кондиција рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој денеска изврши увид во текот на реконструкцијата.

 

 

– Ова е еден од најстарите објекти можеби и во најлоша кондиција во државата кој што започнавме да го реконструираме и навистина работиме на една темелна и квалитетна реконструкција, особено што мораме да имаме во предвид дека еден дел од зградата е изграден во 1929 година , а во последните 50 години немаме скоро никакви реконструкции или многу мали реконструкции во овој дел. Тоа покажува дека треба навистина сериозно да се зафатиме со реконструкција и токму поради тоа сме посветени во овој период, покрај другите објекти кои што ги работиме на територијата на целата држава, да го завршиме и објектот  на СВР Куманово, рече Спасовски.

 

Loading...

 

За последните три и пол години, како што рече Спасовски, реконструирани се околу 54 бојекти, а во моментов освен на СВР Куманово, се обновуваат и објектите на Полициска станица Ресен и полициските одделенија Маврово-Ростуше и Дојран.

– За сите овие објекти се изведува темелна реконструкција. Овде веќе еден дел од објектот е завршен, и ние очекуваме, во рамки на предвидените рокови, некаде најдоцна до први август да заврши целосната реконструкција на објектот на СВР Куманов“, потенцираше министерот Спасовски.

 

 

Министерот Спасовски ја искористи приликата  и во  контекст на денешниов Меѓународен  ден на енергетска ефикасност, исто така нагласи дека при реализацијата на овие програмски приоритети се водевме  од потребата за домаќинско, економично трошење  како на вложените средства така и во поглед на користењето  материјали  што ќе гарантираат значителна енергетска ефикасност и заштеда, без притоа да се намалува на квалитетот или потребните стандарди.

 

Loading...

 

– Најголемиот дел од зградите кои што ги реконструираме ги реконструираме со квалитетни материјали, односно материјали кои одговараат на заштитата на животната средина и на здравјето на граѓаните, и материјали кои што нудат енергетска ефикасност. Таков е случајот и со оваа зграда денеска, впрочем се трудиме, покрај создавањето на добри услови за полициските службеници, да  користиме и вакви материјали кои што ќе бидат во функција на енергетска ефикасност и заштеда на МВР, меѓутоа даваме и придонес во заштитата и на животната средина и токму затоа конкретен пример може да биде и СВР Куманово каде што започнуваме со гасификација на целиот овој објект а на тој начин допринесуваме и кон оваа цел – да ја заштитиме животната средина“, рече Спасовски.

 

 

Инаку објектот на СВР Куманово, не е воопшто обновен во последните пет децении.

 

Loading...

 

Никола Ивановски

Leave a Reply