Се работи за нова технологија: Доаѓаат ласерски и електромагнетни бришачи?

Сподели со своите пријатели

Кога станува збор за иновации во автомобилската индустрија, Тесла во последно време е во првите редови.

Loading...

Во 2019 година, овој производител наводно започнал да работи на идејата за чистење на шофершајбната со ласерски зраци. Две години подоцна, патентот на Тесла Моторс за ласерски бришачи беше заштитен во канцеларијата за патенти во САД.

Официјално се нарекува „Пулсно ласерско чистење на остатоци акумулирани на стаклени предмети во возилата и фотоволтаични склопови“, а се шпекулира дека оваа технологија би можела да дебитира на моделот Тесла Сајбертрук. Причината е што прототипот на ова возило претставен во ноември 2019 година немаше бришачи на шофершајбната.

 

 

Дали оваа технологија ќе се појави на некое од идните возила на Тесла, вклучувајќи го и Сајбертрак, останува да видиме.

Покрај тоа, компанијата наводно развила електромагнетни бришачи.

Loading...

Се подразбира дека електромагнетните бришачи би биле полесна и пореална опција за развој и производство, па наскоро може да ги видиме на некои возила на Тесла.