Се работи на најголемата слика во светот: Ќе биде колку две фудбалски игралишта (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Британскиот уметник Сача Џафри веќе седум месеци работи на платно со големина од две фудбалски игралишта во хотел во Дубаи, сакајќи да биде запишан во Гинисовата книга на рекорди и да им помогне на сиромашните деца.

Loading...

Бос на шарено платно со димензии од околу 2.000 квадратни метри, растегнат во познат хотел во Дубаи, Џефри сака да го сруши светскиот рекорд за најголема слика на платно и да заработи пари што би биле наменети за едукативни и здравствени иницијативи за сиромашните деца.

 

https://www.instagram.com/p/CFM_ZhwHTr6/?utm_source=ig_embed

 

Следната недела, кога ќе заврши работата на сликата, таа ќе биде пресечена на 60 парчиња, и тој се надева на дополнителни средства кога деловите од неговото „патување на човештвото“ ќе бидат ставени на аукција во февруари 2021 година.

„Купувачите ќе поседуваат дел од најголемата слика некогаш создадена, и покрај тоа, тие ќе имаат дел од историјата, односно дел од човештвото“, рече уметникот.

Џафри работи на своите уметнички дела уште од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Loading...

Тој објаснува дека пандемијата го натерала да смисли начини како да ги поврзе луѓето за да им помагаат на децата, особено на оние што живеат во најсиромашните делови на светот.

 

https://www.instagram.com/p/CFEbnwhHx3W/?utm_source=ig_embed

 

Деца од 140 земји индиректно учествуваа во создавањето на уметничките дела, испраќајќи им ги своите слики.

Leave a Reply