Се продава првата СМС порака, но во посебна валута!

Сподели со своите пријатели

Британската телекомуникациска групација Водафон ќе ја понуди првата СМС во светот на онлајн аукција.

Loading...

Имено, тие решиле на аукцијата да постават СМС порака која била испратена во 1992 година и во која се честита Божиќ.

Според странските медиуми, купувачот на таканаречениот NFT (незаменлив токен) ќе добие единствена реплика на оригиналниот протокол за комуникација.

Сето ова се одржува како дел од хуманитарната онлајн аукција организирана од француската аукциска куќа „Aguttes“ на 21 декември.

 

 

Водафон ги донира приходите за помош на раселените лица, поточно – средствата ќе бидат насочени кон Обединетите нации.

Loading...

СМС со натпис „Среќен Божиќ“ беше испратена на 3 декември 1992 година и беше примена од Ричард Џарвис, тогашните вработени во компанијата.

Учесниците на аукцијата ќе можат да поднесат понуди користејќи ја криптовалутата ethereum (ETH), а најголемата понуда ќе донесе некому ексклузивна сопственост на протоколот за комуникација што се користи за пренос на првата СМС во светот.