Се преземаат мерки за спречување на ширење акутни заболувања во ПЦ Табановце

Сподели со своите пријатели

Препорачаните мерки во однос на спречување на појава и ширење на акутни инфективни заболувања како и задолжителните процедури за управување со комунален отпад и мерки за зголемена хигиенизација во Прифатниот центар Табановце се спроведуваат според предвиденото, информриаат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во трекот на вчерашниот ден три лица од Авганистан биле пренесени на Детското одделение при кумановската болница каде им бил направен специјалистички преглед, а откако им била пружена и соодветна медицинска терапија истите биле вратени ан Табановце.

Хоспитализирани биле и дајца државјани на Сирија, од кои едниот завршил на амнулантата за Дерматовенерологија каде му биле направени специјалистички прегледи и дадена соодветна медицинска терапија, додека другиот Сириец завршил на Инфективното одделение при Општа Болница Куманово. Истите по добиената лекарска помош биле вратени на Табановце.

На 15-ти овој месец во 12:30 часот здравствена заштита била пружена на двајца државјани на Авганситан на кои им бил овозможен транспорт на Одделението за педијатрија, додека пак државјанин на Ирак завршил во куамносвката болница каде му била пружена ампуларна терапија.

Од кумановската болница вчера била отупштена иродилката која на свет донесе женско дете во кампот на Табановце. Истата со својот сопруг, двете малолетни деца и новороденчето била однесена во Прифатен центар куќа во Скопје.

Мало детенце пак со дијагностицирана таласемија заедно со својот татко заминало на лекување на клиника во Скопје, додека мајката со двете деца остана на табанвоце.

Од друга страна пак, бегалец од Сиријас о дијагноза епилепсија одбивал секаква помош од страна на медицински лица.

Заклчно вчерашниот ден присутни во транзитниот центар Табановце биле вкупно 1.349 бегалци и тоа 1.010 се во кампот, од кои 483 од Авганистан , 386 од Сирија,92 од Ирак, 6 од Мароко,2 од Еритрерија,1 од Тунис, 1 од Либија, 21 од Иран,11 од Алжир и 7 Пакистан и 339 бегалци биле на гранична линија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.