Се преврте чамец во Етиопија, загинаа најмалку 19 луѓе

Сподели со своите пријатели

Најмалку 19 лица загинаа во Етиопија откако брод се преврте на реката Текезе во северозападниот дел на земјата, објавија државните медиуми.

Loading...

Несреќата се случила во регионот Амхара додека група луѓе ја преминувале реката Текезе, која е дел од границата меѓу Етиопија и Еритреја, објави државната Етиопска новинска агенција (ЕПА), пренесе Ројтерс.

Во моментот на несреќата во чамецот имало најмалку 26 лица.

Седум лица, меѓу кои и едно дете, беа спасени, а досега само две тела се извлечени од реката, соопшти ЕПА.

Тоа беше втор голем инцидент во Етиопија во последните денови.

Во понеделникот, над 250 луѓе загинаа во лизгање на земјиштето на југот.