Вонредна ситуација во нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија

Сподели со своите пријатели

Во нуклеарната централа Козлодуј, избувнал пожар во енергетската просторија на безбедносниот систем на петтата единица, што предизвикало итна реакција на работниците на централата, објави порталот „Новините“.

Поради густиот чад во просторијата, повикана е противпожарна служба, а се преземаат мерки за замена на оштетената опрема.

Официјално е објавено дека ситуацијата е под контрола и нема опасност за луѓето.

Вработените во електраната остануваат во готовност додека инцидентот не се реши целосно.

Нуклеарната централа Козлодуј е оддалечена околу 400 километри од Скопје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трагедија на автопат во Италија: Родители возеле 100 км, не знаеле дека нивниот син починал во возилото