Најмалку 10 лица загинаа откако патнички брод се преврте во близина на Манила, главниот град на Филипините, соопшти денеска општинската агенција за катастрофи.
„Несреќата се случи попладнево поради силниот интензитет на брановите предизвикани од тајфунот Доксури“, потврди службеникот на Канцеларијата за намалување и управување со ризици од катастрофи во Бинангона (MDRRMO), Џун Хернандез.
Тој за Билтенот на Манила изјави дека извештаите за смртните случаи дошле за неколку минути откако добил пораки од жителите на островот Талим во Бинангонан дека патнички брод со неколку луѓе се превртел помеѓу 12:30 и 13:00 часот во езерото Лагуна.
Хернандез рече дека Канцеларијата веднаш ја известила филипинската крајбрежна стража (PCG) за итно спасување на патници за кои се верува дека се заробени во превртениот брод.