Поради недостаток на наставници, училиштата во Германија се повеќе се потпираат на луѓе без искуство или соодветни дипломи.
Две третини од директорите на училиштата (66 проценти) сега вработуваат наставници кои немаат стекнато професионална квалификација, покажа истражувањето.
Тој удел нагло се зголеми во последните пет години, според истражувањето на Форса на повеќе од 1.300 директори низ Германија.
Во 2018 година само 37 отсто од директорите пријавиле дека вработиле наставници без соодветни квалификации.
Германското здружение за образование и обука (VBE) ги претстави резултатите од истражувањето во петокот, 24 ноември, на Конгресот за управување со училиштата во Дизелдорф.
Недостигот од стручен наставен кадар и натаму е најголем проблем за 62 отсто од директорите, иако помалку од лани кога се пожалиле 69 отсто.
Повеќе од една третина од директорите ја наведоа вклученоста и интеграцијата како најголем проблем.
Секој четврти се жалел на многу работа и недостаток на време.
Половина изјавиле дека барем едно наставно место во нивното училиште не било пополнето на почетокот на оваа учебна година.
За 17 проценти имало дури три или повеќе слободни места.
Според анкетата, наставници кои не ја завршиле вообичаената стручна обука за оваа професија работат во сите видови училишта во Германија, пишува dpa.