Се повеќе езера во Австрија пресушуваат

Сподели со своите пријатели

Климатските промени се јасно видливи и во Австрија, каде деновиве поради долгата суша речиси „исчезнаа“ многу езера.

Loading...

Се повеќе езера, особено на истокот на Австрија, пресушуваат.

Во градот Винер Нојштад, недалеку од Виена, претходните езера каде што граѓаните пливале се исушиле со големина на помало езерце.

Нивото на подземните води на езерата како што се Анемоненце, Ференце или Ахтерзе падна и до седум метри во однос на состојбата во 2009 година.

Само минатата година нивото падна за два метра.

Во Бад Фишау, два од трите термални извори пресушија.

Поради таквата ситуација бањата мораше да ја намали понудата, па затоа го исклучи водопадот, го затвори таканаречениот женски базен, а машкиот базен мора почесто да се чисти.

За да се смени состојбата, посочуваат надлежните, потребни се дождови, но не во количества што почвата не можела да ги прими, туку потребно е дождот да врне рамномерно, не претерано интензивно, но потребно е и снег на височините што полека ќе се топи во пролетта.

Loading...

Само така може да се подигне нивото на подземните води што е потребно за зачувување на езерата, посочуваат експертите.