Се поставуваат темелите на спортската сала во ОСТУ „Наце Буѓони“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Од вчера започна поставувањето на темелите на новата училишна спортска сала во Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово.

Loading...

Како што истакна во својата фејсбук објава градоначалникот Максим Димитриевски, станува збор за проект кој Општина Куманово го реализира во соработка со Министерството за образование и наука, а изведувач на работите е АД „Гранит“.

Училиштето работи од 1964 година, но досега никогаш немало спортска сала. Во близина на истото општината со сопствени средства пред неколку години изгради атлетски полигон кој го користеа и учениците од техничкото училиште.

Со салата да биде готова кон крајот на оваа година.

Loading...

Инаку во изминатите осумнаесет месеци беа реализирани уште две вакви спортски сали во ООУ „Јероним Дерада“ – село Черкези и СОУ „Перо Наков“, паралелки на албански наставен јазик.

Leave a Reply