Се поставуваат нови клупи и во Градскиот парк во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во тек е поставување на клупи и канти за смет на новоизградената пешачка патека на кејот на река Липковка кај стариот Градски парк.

Loading...

Ова денеска го соопшти градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

 

 

Пешачката патека на стариот градски парк, кој моментално се реконструира, е изградена неодамна и минува покрај реката Липковка.

 

Loading...

 

Во февруари годинава, заврши првата фаза од проектот која опфати реконструкција на патеките, изградба на паркинг простор и игралиште за кошарка.

Стариот градскит парк треба да прерасне во нов урбан „паметен“ парк со повеќе забавно-рекреативни содржини.

Претходно вакви клупи и канти за смет беа поставени и на градскиот кеј. Тие се изградени од масивна бетонска структура, а надлежните се надеваат дека тоа ќе ги спречи вандалите да ги оштетуваат.

Никола Ивановски