Се поставува урбана опрема на Студена вода (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на убавото време Општина Куманово ги финализира подготовките на локалитетот Студена вода кои ќе го претворат во излетничко место во кое граѓаните ќе можат да уживаат во свеж воздух и надвор од градскиот метеж.

Loading...

 

 

Откако беше изграден пристапниот пат, локалитетот беше пошумен со скоро 2.000 садници, сега се поставува и урбаната опрема. Десетина клупи и маси се наоѓаат на локалитетот под летноковците и истите ќе им бидат добредојдени на граѓаните кои последните викенди доаѓаат на Студена вода во се поголем број.

 

 

Loading...

Местото кое често го користат рекреативците, велосипедистите, спортистите ќе има и кошници за отпадоци, реквизити за спорт и рекреација. Воедно, ќе биде реконструирана и чешмата, а ќе има паркинг места за посетителите.

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply