Се поставува нова заштитна ограда на Бедински мост

Сподели со своите пријатели

Оградата оштетена во текот на сообраќајната незгода во која животот го загубија три лица, ќе биде заменета со нова заштитна банкина, информираат од Сектор за урбанизам при Општина Куманово.

Loading...

Поставување на новата заштитна ограда започна ден по трагичниот настан на 9 јуни, кога од мостот поради неприлагодена брзина падна патничко моторно возило во кое имало четири лица.

Вкупната вредност на новата заштитна ограда е 30 000 денари, за што е ангажирана приватна фирма од Куманово.