Се поставува хоризонталната сигнализација на улиците низ градот (фото)

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Водовод“ деновиве започна со поставувањето на хоризоналната сигнализација низ централното градско подрачје, активности за кои ќе бидат одвоени 2,4 милиони денари од Буџетот на Општина Куманово.

 

Loading...

13492941_1025479810833472_450270810_n

По комплетно завршување на техничката документација, добивање дозвола од Бирото за јавни набавки, обезбедување средства и реурси за започнување на оваа работа, од вчера започнавме со одбележување на „Октомвриска револуција“ и „Ленинова“. Планот за работа го добиваме од одговорните од општина Куманово – изјави Горан Стојковски., директор на ЈП „Водовод“.

Одбележувањето на пешачките премини ќе се одвива приоритетно, односно први ќе се постави на улиците каде се лоцирани градинки, училишта и здравствени установи, а притоа ќе се настојува да биде опфатено централното градско подрачје, но и сите приградски населби во Општина Куманово.

 

13535647_1025479867500133_1142246511_n

 

Недостатокот на сигнализацијата беше горчлив проблем изминатите години за кумановци, а на седниците на Совет на Општина Куманово редовно се кршеа копјата меѓу власта и опозицијата на оваа тема.

 

13493054_1025479900833463_1988347703_n

 

Loading...

Инаку, за прв пат оваа година јавно претпријатие учествува во одбележувањето на улиците, додека во минатите години тоа беше активност која ја спроведуваа приватни компании.