Се породила и станала алергична на вода: Сега не смее ниту да се капе (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Мајката која станала алергична на вода, откако се породила, мора во целост да се прекрива кога паѓа дождот.

Шерел Фаруџија од Кардив е само една од 35 лица во целиот свет кои имаат ретко пореметување, кое како што рекла, животот и го претворило во кошмар.

Таа е алергична на сè, па дури и на својот сопруг

Loading...

Шерел не смее да биде сама кога е дома и се тушира затоа што постои опасност даобие анафилатички шок, пишува Мирор.

Таа во ноември 2017. година ја редила ќерката Виола, но шест недели по породувањето и се јавил болен осип кој го добивала секогаш при туширање.

 

 

На лекарите им биле потребни три месеци да откријат дека боледува од аквагеа урикарија, ретка состојба која се развива ако кожата дојде во допир со вода.

За оваа алергија моментално не постои лек, а лекарите веруваат дека е поврзана со хормонот на Шерел, откако го родила своето дете.

– Скоро шест недели по породувањето, забележат дека кожата ме чеша секогаш кога ќе се туширам. Во почетокот мислев дека е реакција на сапунот кој го користам, а тогаш помислив дека во прашање е можеби и температурата на водата, рекла таа.

Рејчел Варвик – жената која е алергична на вода

Шерел рекла дека потоа се обидела да се тушира со топла, студена и врела вода, но дека секогаш нејзината кожа реагирала исто.

– Се обидов да променам се, но ништо не делуваше. Тогаш не ни помислив дека сум алергична на вода затоа што не знаев дека такво нешто постои, изјавила таа.

Младата мајка признала дека по породувањето западнала во депресија, што веројатно ја активирало алергијата.

– Беше ужасно, бев на граница на самоубиство. Не можев да станам од креветот, ниту да излезам од дома, а се плашев дека нешто може да му се случи на моето дете, открила таа.

 

 

Loading...

И покрај својата состојба, Шерел и натаму секојдневно се тушира, но води сметка колку време ќе биде под вода.

– Се трудам бргу да ја исушам кожата, но тоа трае околу 30 минути. Секогаш некој мора да биде со мене дома за да не паднам во анафилактички шок, рекла таа.

Шерел смее да пие вода, затоа што алергијата не влијае на неа интерно.

Leave a Reply