Се породила два пати во месец дена

Сподели со своите пријатели

Жена од Бангладеш два пати се породила во период од месец дена. Британски ВВС пренесува дека 20-годишната Арифа Султана кон крајот на февруари во болница во Кулна предвреме родила момче.

Loading...

Султана 26 дена подоцна, жалејќи се на силни болки во стомакот, побарала помош од лекарите во болницата Ад-дин, кои откриле дека жената има две матки и дека е трудна со близнаци.

Лекарите направиле царски рез, а мајката и бебињата од болница се пуштени на 25 март.

– Кога пациентката дојде, направивме ултразвук и видовме дека чека близнаци. Се изненадивме. Никаде претходно се немам сретнато со ваков случај, рекла др. Шила Подар.

Како што се наведува, мајката е среќна што трите деца се здрави и додала дека ќе направи се што може за да тие бидат среќни.

Leave a Reply