Се помалку ученици во Куманово, иселувањето најчеста причина

Сподели со своите пријатели

Кумановските основни и средни училишта во континуитет последните години бележат пад на бројот на новозапишени ученици.

Loading...

Ова денеска пред Советот на Општина Куманово го презентираше ракводителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ.

Како што вели тој, ако во учебната 2020/2021 година во средните училишта во градот, имало 4.508 ученици, годинава таа бројка изнесува 4.126 ученици.

– Училиштата имаат доволно просторни капацитети и опрема, но борјот на ученици се намалува.  Во учебната 2020/2021 година од планирани 2.142 се запишале 1070 ученици или 49,95 отсто. Во учебната 2021/2022 од планирани 1.766 се запишале 1.063 ученици или 60,19 отсто. Тука влијание има пандемијата, знаете колку е лошо, но западноевропските земји беа затворени за пазар и родителтие на учениците беа тука, рече Јовановиќ.

Годинава исто така е аларамантна. Од предвидени 1.728 ученици се запишале само 956 или 55,32 отсто од планираниот број.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  700 парчиња пиротехника пронајдени кај кумановец

Но, ова, според Јовановиќ, не е проблем само во Куманово, туку со целокупното средно образование во државата, а постојат три главни фактори кои влијаат на ваквата црна статистика.

– Првиот фактор е пад на наталитетот. Знаете дека од 1991 година наталитетот ни оди во надолна линија. Потоа имавме друг сегмент кој не е веќе толку страшен внатреопштинска миграција, но трет клучен фактор е масовно иселување на населението во западноевропските земји и нормално со тоа повлекување и на учениците од училишните клупи, појаснува раководителот на Секторот за образование.

 

Loading...

 

Како што вели, наставници има, и тие се тука за учениците кои ги има во се помал број.

Според Јовановиќ, ситуацијата во септември може да биде уште полоша, особено ако Германија во април донесе ново олеснување на визниот режим и со тоа дојде до дополнително иселување од градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Доаѓа првиот снег!

– Она што го гледам јас како директна закана и она што го слушнав од медиумите, ако дојде до олеснување на оние мерки кои ги предлага Германија од април за олеснување на визен режим, е тогаш ќе имаме дополнителен проблем за функционирање од сепетември за 2023/24 година, смета тој.

И во основните училишта бројката е загрижувачка, а тој помал број на запишани првачиња, понатаму ќе биде клучен проблем за формирање на паралелките.

– Во учебната 2020/21 се запишани 1.208 ученици, во 2021/22 се запишани 1.122 ученици и во 2022/23 запишани се 1.070 ученици. И тука се клучни три фактори, пад на наталитетот, меѓуопштинска миграција, која и не е толку голем проблем, и масовно иселување на населението, смета Јовановиќ.

Но, тренд не е само помал број на запишува, туку и поголем број на отпишување на учениците.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дводневна предновогодишна забава во Куманово

Јовановиќ вели дека дорпва се прават анализи за да се види статистички колку од учениците кои се запишале во септември веќе се отпишани и иселени од државата.

– Внатреопштинската миграција не е проблем дали ќе учи во едно или друго училиште, ќе учи тука, меѓутоа надвор од општината имаме дополнителен проблем и во споредба со другите општини од северисточниот регион, Куманово е најбројна и по последнот попис што беше реализиран важиме за најголема општина во нашата држава но фактите се тие, не сме имуни и ние и околните држави, вели тој.

Јовановиќ процесот на електронско запишување на учениците кој започна оваа година, го оцени како позитивен и вели дека со тоа и Министерството за образование и училиштето имаат директен увид во бројот на запишани ученици.

Никола Ивановски