Се појавила првата жена: Младоженец нападнат на свадбата, сакале да го запалат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Младоженецот бил протеран од неговата венчавка – откако неговата прва сопруга влегла на свадбата за да ја извести новата невеста дека веќе е во брак не со една, туку со две жени!

Loading...

Асиф Рафик Сидики бил скоро линчуван на својата свадба во Крачи, откако била откриена измамата.

На венчавка им влета жена во венчаница, го тепаше младоженецот и викала: „Тоа требаше да бидам јас“ (ВИДЕО)

Толпата младоженецот, опишан како брадест, силен човек во своите 30-ти години, го туркала и удирала, ја кинеле облеката откако дознале за неговите претходни бракови.

Младоженецот, кој завршил под автобусот, го спасиле непознати лица.

Полигамијата е легална во Пакистан. Меѓутоа, додека мажот може да има дури четири жени, тој мора да добие согласност од своите претходни жени пред да се премажи.

ХАОС НА ВЕНЧАВКА: Наместо на меден месец, завршиле во притвор

Се чинеше дека Сидики не се придржувал на ова правило, а неговата нова сопруга и нејзиното семејство дознаке за неговите бракови кога разгневената жена упаднала во салата за венчавки.

Loading...

– Што е сестро? – се слуша еден од роднините на невестата како ја прашува жената што влегла во венчавката.

Жената, Мадиха Сидики, веднаш рече:

– Тој е мојот сопруг и тој е татко на ова дете. Тој ми рече дека ќе оди во Хајдерабад три дена – тврди таа.

Во венчаница влета на венчавката на поранешното момче и направи хаос (ВИДЕО)

Таа беше со дете, за кое рече дека е нивниот син. Таа тврди дека изјавила дека се омажила за младоженецот во 2016 година, откако го запознала на Федералниот универзитет Урду во Карачи, каде се смета дека Сидики работи.

Потоа открила дека во 2018 година тој тајно се оженил со својата втора сопруга, Зехром Ашраф, учителка на Jенскиот универзитет во Карачи.

Првата госпоѓа Сидики дознала за бракот преку порака испратена до неа од новата сопруга на нејзиниот сопруг. Сидики рече дека младоженецот првично го негирал постоењето на неговата сопруга, но подоцна признал дека се венчал по втор пат.

Младенците се радувале на венчавката, но во црквата наишле на непријатно изненадување (ВИДЕО)

Loading...

Ашраф ја известила и Мадиха Сидики за нејзината последна венчавка.

Младоженецот избегал од линчување под автобусот, а лутите сватови се заканувале дека ќе го запалат возилото.

Тој на крајот бил спасен од полицијата.

Leave a Reply