Се појавија уште два монолити, на еден од нив има необични координати (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Необичен монолит со врежани координати се појави во Аделаида, Австралија. Но, тоа не е монолит во форма на квадар, туку тристрана призма.

Loading...

Монолитот бил поставен очигледно по случаен избор, покрај железничкиот мост во јужниот дел на предградијата на Аделаида.

Локалните власти дознале за него, како и остатокот од јавноста – од медиумите. Во моментов се води истрага за тоа како стигнал таму и кој го наместил.

Интересно, овој монолит има врежано координати кои ја означуваат кулата на Трамп во Њујорк, ненаселен остров наречен Манагаха кој е дел од Северните маријански острови и сфингите лоцирани во Гиза, Египет.

 

Необична мистерија

Од другата страна на светот, во Финска, жителите на Савонлина беа зачудени од појавата на монолити во нивниот град.

Loading...

Монолитот висок 2,5 метри бил подигнат на рид над замокот Олавинлина од 15 век, една од најголемите атракции на градот. Местото каде што се појавил порано била област за кампување.

Локалните фински власти не знаат кој го инсталирал монолитот, а шефот на туристичката компанија „Визит Савонлина“, Јаана Коми, вели дека изгледот на монолитот ја фатил неподготвена, но откако се појавил, нејзиниот телефон не престанува да ѕвони.

„ Не знам ништо повеќе за тоа од кој било друг. Се чини дека е светски феномен. Мислам дека е прекрасно што го најдоа патот до нашиот крај“, изјави Коми за локалните медиуми.

Да потсетиме, првиот мистериозен монолит се појави во ноември во пустината на американската држава Јута, по што монолитите почнаа да никнуваат низ целиот свет како печурки по дожд, а некои од локациите во Европа се наоѓаат во Романија, Англија и Франција.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Harri (@koponha3)

Leave a Reply