Ширум светот луѓето живеат долго. Во 1950 година очекуваниот животен век по раѓањето бил само 46 години.
Во некои земји напредокот не бил секогаш добар. Болести, епидемии и неочекувани настани се потсетник дека се подолгиот животен век не е загарантиран. Во меѓувреме, смртните случаи кои не плашат како тероризам, војни и природни катастрофи се само 0,5 отсто од сите смртни случаи заедно. Но, ширум светот многумина и натаму умираат премногу млади од причини кои можат да се спречат.
Најчести причини за смрт
Околу 56 милиони луѓе во светот починале во 2017 година. Тоа е 10 милиони повеќе од 1990 година, затоа што пораснал и бројот на глобалното население, а и луѓето во просек живеат подолго.
Повее од 70 отсто од луѓето починале од непреносливи хронични заболувања кои типично споро напредуваат.
Најголемите поединечни убијци се кардиоваскуларните болести кои го напаѓаат срцето и артериите и се одговорни за секоја трета смрт. Таа во 2017 година убила двојно повеќе луѓе отколку канцерот, втората главна причина за смрт.
Останатите непреносливи полести како дијабетесот, одредени респираторни заболувања и деменцијата исто така се на врвот на листата.
Смртни случаи кои можеле да бидат спречени
Она што е шокантно е бројот на луѓето кои и натаму умираат од причините кои можеле да бидат спречени. Околу 1,6 милиони луѓе починале од болести поврзани со дијареја во 2017 година, што е меѓу првите 10 причини за смртта. Во некои земји, тоа е еден од најголемите убијци.
Неонаталните пореметувања (во првите 28 дена од животот на бебето) однеле 1,8 милиони животи на новороденчиња во 2017 година. Зачестеноста на овие смртни случаи варира од земја до земја. Во Јапонија, помалку од едено во 1.000 бебиња умираат во првите 28 дена од животот, во споредба со нешто помалку од едно од 20 во некои од најсиромашните земји во светот.
И останатите смрти кои можеле да се спречат се високо на списокот. Сообраќајните несреќи предизвикуваат голем број загинати и во најбогатите и во најсиромашните земји, а однеле околу 1,2 милиони животи во 2017 година. Додека многу земји со висок доход во последните децении забележале значителен пад на бројот на смртни случаи на патиштата, глобално таа бројка на починати скоро е иста.
Во меѓувреме, скоро двојно повеќе луѓе ширум светот починале од самоубиства отколку од убиства.
Што ни кажуваат причините за смртта?
Она што луѓето починуваатод промени во текот на времето и како нивната земја се развива. Во минатото заразните болести имале голема улога отколку денес.
Во 1990 година еден од три смртни случаи биле резултат на заразни болести, а сега еден од пет. Децата особено се чувствителни на заразните болести. Во 19 век секое трето дете во светот починало пред да наполни пет години. Стапката на смртност кај децата од тогаш значително опаднала благодарение на вакцините и подобрувањето на хигиената, исхраната, здравствената заштита и пристапот до чиста вода. Смртта на децата во богатите земји сега е релативно ретка, додека најсиромашните денес имаат стапка на смртност на деца слична на Велика Британија и Шведска во првата половина на 20 век.
Падот на глобалната смрт кај децата е една од најголемите причини за успехот на модерната здравствена заштита. Бројот на деца кои секоја година умираат е скоро двојно преполовен во последните неколку децении, поради подобрата заштита од зарази.
Денешната севкупна слика е позитивна: живееме подолго, додека помалите луѓе, особено децата, умираат од причини кои можат да се спречат. Но, и натаму постојат големи проблеми кои мора да се решат. Натамошните подобрувања во санитација, хигиена, исхрана, вакцинација и основна здравствена заштита се клучни за ова. Исто така, зголемени се безбедносните мерки и пружање услуги на менталното здравје. Разбирање на она од што луѓето умираат е клучно ако сакаме овој напредок да продолжи.