Се отвора егзотична дестинација за целиот свет: Без карантин, но со три негативни тестови

Сподели со своите пријатели

Од почетокот на февруари сите вакцинирани туристи, без разлика од која земја доаѓаат, можат да го посетат Тајланд, но со неколку услови.

Loading...

Тајланд повторно ја отвори својата програма Test & Go за вакцинирани патници за да можат да ги заобиколат задолжителните карантини, очекувајќи меѓу 200.000 и 300.000 патници да ја посетат дестинацијата само овој месец.

Овојпат отворањето на границите ќе важи за сите вакцинирани патници од која било земја. Да потсетиме, претходно беше достапен само за патници од список од шеесет земји.

Туристите во Тајланд наидоа на најбизарната глетка што некогаш ја виделе

 

 

Тајланд се очекува да биде домаќин на околу 5 милиони посетители оваа година, а повеќето патници доаѓаат од САД и Европа. Тој број би можел да се искачи на 9 милиони доколку кинеските и индиските патници ја користат и програмата Test & Go.

Loading...

Целосно вакцинирани патници или деца на возраст меѓу 12 и 17 години кои биле вакцинирани со единечна доза вакцина против коронавирус можат да аплицираат за програмата Test & Go.

Сите патници мора да достават и доказ за негативен PCR тест, кој не е постар од 72 часа пред поаѓање. Тие исто така ќе треба да се тестираат на 1-ви и 5-ти ден по пристигнувањето во Тајланд.

Вистинската вистина за „обичниот“ Тајланд: Очекувања и реалност

Условите за влез бараат и патничко осигурување кое го покрива ризикот од ковида 19 во вредност од најмалку 50.000 долари, доказ за платено сместување најмалку две ноќевања и преземање на владината апликација за следење MorChan.