Се откажал од шеќер еден месец, еве како тоа влијаело на него (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Откако забележал дека неговиот внес на слатки значително се зголемил, јутјуберот Кам Џонс решил да се откаже од секаква храна со додаден шеќер 30 дена за да види како тоа ќе влијае на неговото здравје. На првиот ден од предизвикот отишол во продавница и сфатил дека ќе биде потешко отколку што мислел.

Loading...

„Брзо сфатив колку шеќер има во работите што вообичаено ги купувам. Има додаден шеќер дури и во работите за кои претпоставував дека се здрави, и колку повеќе ги гледам етикетите, толку помалку производи додавам во мојата количка“, објасни тој.

 

 

 

Кам наскоро дозна за раните несакани ефекти од откажувањето од шеќер. Почна да чувствува интензивна желба, пад на нивото на енергија, намален фокус и главоболки. Тој верува дека тоа се последиците од недостатокот на допамин во мозокот што го добива кога јаде шеќер.

„Позитивно е што симптомите на повлекување треба да траат само неколку недели, па се надевам дека најтешкиот дел ќе биде зад мене наскоро“, рече тој.

Loading...

Кам почна да прави чипсови од кељ и чипс од сладок компир и се снабдил со овошје. Во последните две недели од предизвикот тој почна да чувствува некои позитивни ефекти.

 

 

„Генерално се чувствувам како да се хранам поздраво и стратешки сум фокусиран на моите оброци за да останам сит и да ја изгаснам желбата. Исто така, почнувам да забележувам дека имам повеќе енергија. Успеав да направам неколку тренинзи без чувство на исцрпеност подоцна во текот на денот“, продолжува тој.

Но, тој признава дека рестриктивната диета му одзема многу забава и ја отежнува спонтаноста.

„Мислам дека не е корисно да го третирате шеќерот како лоша работа, но важно е да контролирате колку консумирате. Се чувствувам како да ја вратив контролата во последните 30 дена и научив да користам интуиција за да можам да бидам попаметен за моите навики во исхраната во иднина“, заклучи Кам.

 

Loading...