Се ошишала после 20 години, имала коса тешка 4 килограми, не можела да ја мие и чешла, причината е многу тажна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Долгата коса отсекогаш била симбол на женственост, па затоа не е изненадувачки што жените одлучуваат да поминуваат часови и часови во салони, со цел да ја направат косата што е можно поубава и негувана.

Loading...

Имено, Германката по име Стефани не ја скратила косата 20 години, а кога конечно одлучила да го направи тој чекор, нејзината коса тежела четири килограми.

Целиот процес бил прилично емотивен за неа – и поради самата промена, и поради ветувањата што и ги дала на нејзината мајка.

 

 

Досега, таа никому не признала зошто одлучила да ја остави косата да расте толку долго време. Имено, пред да почине нејзината мајка, оваа девојка и ветила дека нема да дозволи никој да ја шиша, но и да не ја допира.

Нејзината мајка ја сакала долгата коса на нејзината ќерка и често и помагала да ја среди.

Loading...

Проблемите се појавиле кога Стефани не можела соодветно да се грижи за косата – со години не можела да ја чешла или да ја измие косата целосно.

Еднаш неделно, таа успевала да го измие делот близу до врвот на главата, а потоа да врзува се со дебело јаже. Таа се обидела да се чешла, но тоа само дополнително ја искомплицирувало работата. Дефинитивно се откажала кога косата била целосно заплеткана и кога косата го допирала подот и тогаш одлучила да се потстриже.

 

 

Целиот процес е снимен во видеото. Оваа девојка, која наскоро и самата ќе стане мајка, ја претрпела трансформацијата доста емотивно.

Репот и бил исечен и тежок четири килограми, а по фризурата Стефани ја променила бојата на косата.

Како што рече, кога ќе се роди нејзиното мало девојче, таа ќе се погрижи да има долга коса, за која ќе се грижи и чешла секој ден, за да не дојде во ситуација како нејзината мајка.

Loading...