Наталија Вовк, осомничена за убиството на руската новинарка и политиколог Дарија Дугина, пред извесно време заминала во Европа како бегалец, но набрзо се вратила, изјави нејзиниот татко.
„Таа беше во Европа. Во Франција. Таа отиде таму како бегалец. Потоа не ѝ се допадна, се врати во Полска, па во Украина”, објасни таткото.
ФСБ утврдила дека злосторството го подготвиле и извршиле украинските специјалци, а сторител е Наталија Вовк, која на 23 јули со својата 12-годишна ќерка влегла во Русија и изнајмила стан во куќата во која живеела Дугина.
Руските безбедносни служби ја ставија Наталија Вовк на меѓународна потерница и ќе бараат земјата во која се наоѓа да ја предаде на руските власти за убиството на Дарија Дугина, ќерката на рускиот геополитичар Александар Дугин.
Journalist Denis Kazansky reports that Andrej Sergeevich Vovk, the husband of Natallia Vovk (the alleged killer of Darya #Dugina) was one of the organizers of the separatist “referendum” in #Donetsk region in May 2014. pic.twitter.com/3Kq6yNtolT
— NEXTA (@nexta_tv) August 23, 2022
Да потсетиме, новинарката и политиколог Дарија Дугина почина вечерта на 20 август.
Таа се возела во автомобил кој се запалил на автопатот Можај во областа Одинцово во Московската област.
Според прелиминарната верзија, во автомобилот експлодирала експлозивна направа.
Истражниот комитет покрена кривична постапка по членот „Убиство извршено на општо опасен начин“.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.