Се одржа традиционалниот противпожарен натпревар

Сподели со своите пријатели

Училиштето „Браќа Миладиновци“ денеска беше домаќин на традиционалниот противпожарен натпревар кој оваа година се одржува по триесет и први пат, овој пат на тема „Пожари на отворен простор, шумски пожари и пожари во урбани средини “.

Loading...

Организатори на натпреварот е Општинскиот противпожарен сојуз, , Територијалната против пожарна единица Куманово, Дирекцијата за заштита и спасување и општина Куманово.

Учество на натпреварот имаат земено осум основни и пет средни училишта од градот, а најдобрите ќе продолжат и на државниот натпревар кој следниот месец ќе се одржи во Виница.

Првите три места добиваат награди, додека првото место од категорија на кадети и прво место од категорија јуниори, ќе одат на регионален противпожарен квиз натпревар кој ќе се одржи оваа година во Кратово.– вели Часлав Јовановиќ, потпретседател на Противпожарниот сојуз на Македонија.

Резултатите од оваа натпреварување ќе бидат познати во текот на денот, а за најуспешните натпреварувањето ќе продолжи и понатаму.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.