Се одржа традиционалната книжевна манифестација „Поткозјачки литературни средби 2020“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Традиционалната книжевна манифестација „Поткозјачки литературни средби 2020“ – Куманово се одржа вчера виртуелно, соопштија организаторите „Јустиција“ и „ЦККС“.

Loading...

Годинава на манифестацијата настапија Виолета Николовска, Даниела Андоновска-Трајковска, Елена Пренџова, Игор Трпчески, Ирена Јурчева, Катерина Гогова, Марина Мијаковска, Оливера Доцевска, Славчо Ковилоски, Снежана Стојчевска и Снежана Петрова, како и пејачката Мартија

„Поткозјачките литературни средби“, една од најстарите книжевни средби во државава, беше обновена пред три години, под покровителство на Општина Куманово. На годинешнава манифестација обраќање имаше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој го нагласи значењето на вакви средби и за општината и за државата.

Поткозјачките литературни средби беа и се неизоставен дел од книжевните моменти на градот Куманово и Македонија, но и на просторите на Балканот Манифестацијата е достапна е на следниот линк.

Александра Максимовска


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *