Се одржа саем за мало стопанство и субвенционирање на стари занаети (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Саем за мало стопанство и субвенционирање на стари занаети денеска се одржа во Куманово, во организација на Регионалната занаетчиска комора и Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија, со поддршка на Општината.

 

 

Настанот е од национален карактер и има цел да го поттикне развојот на микро, мали и средни претпријатија, како и зачувување на традиционалните занаети.

 

 

Свеченоста ја отворија градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска и заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески.

 

 

Присутните ги поздравија и Агрон Фазлији, претседател на Занаетчиска комора на РСМ, и градоначалникот Димитриевски, кои нагласија дека занаетчиството претставува дел од културното наследство и економскиот развој на земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голема промена на времето: Следуваат врнежи од дожд и значително заладување

 

 

Во рамките на настанот беа доделени субвенции за занаетчии, благодарници и плакети, а бројни изложувачи ги претставија своите производи пред граѓаните.

 

 

Посетителите имаа можност да ги разгледаат штандовите и да купат уникатни занаетчиски изработки.

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски