Се одржа 14-та по ред гастрономска манифестација „Пивтијада“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Ресторанот „Грација“ беше домаќин на 14-то издание на гастрономската манифестација „Пивтијада 2016“, која се одржува во организација на Мултимедијален центар „Карпино“.

На манифестацијата беа присутни граѓанските организации, политички партии, дел од пратениците во Собранието на Република Македонија како и градоначалникот на Општина Куманово кој заедно со Советот на општината се покровители на манифестацијата.

На сите присутни градоначалникот Зоран Дамјановски им го честита празникот и им посака здравје и среќа, заблагодарувајќи им се на сите кои учествуваат во организацијата на оваа манифестација.

Активноста на Мултимедијалниот центар „Карпино“ кој е негувател на некои традиции од православието, а масовното присуство на граѓаните покажува дека православието е пред се – рече Дамјановски во своето обраќање.

https://youtu.be/ba_LQRAtvSg

Loading...

 

Организаторите истакнаа дека ова е најстарата ваква манифестација во Македонија, а сега слични се одржуваат и во другите општини во државата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.