Се оддржа Основачко Собрание на политичка партија Движење ЗНАМ – За Наша Македонија

Сподели со своите пријатели

Во зградата на поранешните општествено-политички организации (Комитет) во Куманово вчеравечер се оддржа Основачко Собрание на политичка партија Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, а на настанот присуствуваа поддржувачи од целата држава.

Loading...

 

 

За дел од работното Претседателство изберени се проф. др. Катерина Тодороска и Емил Јанески, а на предлог на госпоѓа Жанета Делова, Претседателка на Здружението “Тиквешка заедница за напредок и просперитет”, Максим Димитриевски е избран за Претседател на политичка партија Движење ЗНАМ – За Наша Македонија.

 

 

Loading...

За членови на Извршниот одбор изберени се: Генерал Павле Арсоски, Жанета Делова и Игор Филков. За членови на Надзорниот одбор изберени се: Ристо Николовски од Прилеп, Марјан Петковски од Куманово и Урош Милошевски од Скопје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Приоритет на Македонија е да се избере Претседател. Граѓаните да излезат и да гласаат по сопствено убедување

Македонија се буди! Време е за промени!