Се очекува зголемување на бројот на заболени во земјава

Сподели со своите пријатели

Бројот на заболени од коронавирус во земјава се очекува допрва да расте, појасни денеска на пресе конфернеција министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

– Сакам да кажам дека епидемијата е во силен ек. Секоја епидемија има свој тек, има почеток, акселерација има пик, односно врв и понатаму намалување на случаите. Очекувано е согласно сите овие епидемиолошки податоци, движењата на луѓето, бројот на заболени во период кој доаѓа се зголемува, рече Филипче.

Со цел да се спречи локална трансмисија, како што рече министерот, се преземаат и ќе продолжат да се преземаат мерки да се застане на патот на ширење на инфекцијата.

– Останете дома, не се собирајте и групирајте, излезете ако имате итност, огрнаичете го движењето, не контактирајте со луѓето, не се здржувајте во маркетите, држете дистанца каде има повеќе луѓе. Одржвуајте лична хигиена, често миење на рацете 20-30 секунди, изјави Филипче.

Ова не е шега, рече министерот, кој вели дека единствен да се превенира ситуацијата  е сите ние да се донесуваме одговорно.

Никола Ивановски


Leave a Reply