Се очекува отворање на првиот хотел во вселената

Сподели со своите пријатели

Ако сте меѓу оние ретки туристи на кои им е досадно од сите копнени хотели или дестинации, а притоа имате многу пари, вашето спасение доаѓа во форма на агенција која ви нуди услуги и аранжмани надвор од нашата планета.

Loading...

„Rocket Breaks“ во основа е класична туристичка агенција отворена во Лондон и на идните патници им нуди комплетна услуга, вклучувајќи организација и координација на летови, сместување, аранжмани како и програма за подготовка за престој во вселената.

 

 

Ричард Брансон, пионер во патувањето во вселената, треба да го направи својот прв лет на крајот на 2021 година.

Доколку се утврди успехот на неговото патување, луксузниот хотел „Аурора“ во вселената треба да започне со работа веќе во 2022 година.

Зад идејата за Аурора, првиот луксузен хотел во вселената, стои калифорниската авиокомпанија „Орион Спан“.

Loading...

 

 

Вселенскиот хотел е развиен за патување низ земјата, а капацитетот нема да биде преголем, бидејќи хотелот е дизајниран за само четворица гости и двајца членови на екипажот. Остатокот од патниците и комплетниот аранжман трае 12 дена.

Од хотелот, туристите ќе можат да го видат изгрејсонцето 16 пати на ден, како и целосната перспектива на планетата.

Leave a Reply