Се очекува формирање снежна покривка и на пониските места, поинтензивни врнежи од среда

Сподели со своите пријатели

Времето утринава е облачно со локални претежно слаби врнежи од снег, главно во западните и крајните источни делови од земјава. Во Скопје има појава на слаб локален дожд. Во долниот тек на Повардарието дува слаб југоисточен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Облачно со локални врнежи претежно од снег, главно со слаб интензитет, ќе биде времето до крајот на денешниот ден, според УХМР. Повеќе врнежи ќе има во планинските региони на северозападот и истокот од земјава, каде се очекува формирање или зголемување на снежната покривка. Формирање на мала снежна покривка до крајот на денот е можно понекаде и во пониските делови на северот од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе биде во интервал од 0 до 6 степени.

Во Куманово и околината во текот на денот ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе достигне 3 степени целзиусови.

И утре во крајните западни делови ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Во останатите делови преку денот ќе има сончеви периоди. Утре и во среда ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а температурата осетно ќе се зголеми.

Поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд се очекува во среда доцна попладне, како и во текот на ноќта кон четврток кога поради нагло заладување со силен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.