Се обновува осумкатницата на градскиот плоштад

Сподели со своите пријатели

Осумкатната зграда лоцирана на градскиот плоштад започна да се обновува со финансиска помош на Општина Куманово и Хабитат, кои имаат потпишано меморандум за соработка.

Градежните активности се веќе во тек, а денес увид во работата направија градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски заедно со Зоран Костов, национален директот на Хабитат Македонија.

Хабитат е организација која работи во рамки на проектот енергетски ефикасни фасади, станарите во осмокатница имаат потпишано договор за кредитирање на фасадата и промена на прозорците во износ од 40.000 евра, општината партиципира 20 проценти поддршка на станарите тоа е околу 8000 евра вкупна цена на некој начин денеска отпочнува со работата прозорците се променети и најкасно за 30 денови ќе биде завршена работата – вели градоначалникот Дамјановски.

Според него супштината на проектот е заштеда на електрична енергија, а со обновата станарите ќе добијат нови фасади и прозорци.

Ние заедно со Хабитат имаме намера да промениме 5 фасади во градот. Ја користам приликата и да најавам дека овие денови почнува тендерска постапка за реконструкција на занаетчискиот дом, го работиме преку североисточниот регион во висина од 300.000 евра промена на фасада и илуминација, внатрешно уредување. Централното градско подрачје ќе добие, друг лик, друга димензија. Ја користам можноста да се заблагодарам на соработката на Хабитат и упорноста на станарите бидејќи во оваа зграда живеат луѓе кои имаат пониски примања, пензии или социјален статус од пониска сфера, на некој начин договорот траеше долго на на некој начин еве сме на светлото на денот и ќе го реализираме – додава Дамјановски.

Според него во идниот период ќе се прават напори за реконструкција на уште неколку фасади во централното градско подрачје, а овие денови, како што рече Дамјановски, издадена е дозвола за завршување на петокатницата.

Зоран Костов национален директор на Хабитат Македонија

Се работи за огромна програма која Хабитат ја имплементира на територијата на Р.М каде општина Куманово е град кој уште во раната фаза се приклучи и покажа висок степен на разбирање за потребите на граѓаните. Спомена градоначалникот потребата на граѓаните се адресира на тој начин што преку интервенција на енергетски ефикасна фасада промена на фасадата и прозорците се доаѓа до заштеда на потрошувачка на енергија и заштедата од потрошената енергија, односно непотрошена енергија практично се користи за враќање на заемот кој Хабитат Македонија го обезбедува за станарите на конкретната зграда – вели Зоран Костов, национален директор на Хабитат Македонија.

Процесот на организирање и договарање е комплексен со станарите, но истиот ќе овзможи ново руво на градот и бенефит за станарите.

Овде се работи за специфичен вид на проект каде што во инвестицијата партиципираат станарите и општината а средствата на станарите се обезбедени преку заем од Хабитат, додека партиципацијата е со многу ниска камата..рокот на отплата е долг и ратата е доволно ниска за да можат тоа да си го дозволат. Втор дел Само да додадам дека Хабитат Македонија инсистира на функционална а не на естетската страна која не соодвејствува на оригиналниот изглед на зградата, како што таа некогаш била изградена онолку колку што јас го следам проектот знам дека фасадата на зградата ќе се врати во нејзината првобитна состојба само обновена со сите функции кои стандартите за енергетска ефикасност ги бараат – додава Косто.

Задоволството од ваквиот проект не го кријат ниту станарите.

Од 32 станари имаме 31 кои се влезени во проектот, едниот што остана нема услови за да исполни кредит, меѓутоа тој има кај нотар дека ќе си ја плаќа ратата, задоволни сме што фасадата ќе ја санираме за да не биде некоја жртва, бидејќи веќе паѓа, да не зборуваме за енергетската ефикасност, со средствата сме задоволни ќе ги обезбедиме, оваа шанса ако ја пропуштиме, никогаш нема да ја добиеме да ја направиме и таа да заличи на неѓшто, бидејќи на секоја ваша шпица таа е ударна зграда тука барем да биде нешто убаво – рече Иванчо Герасимов, станар во оваа зграда.

Претходно преку истиот проект фасада доби исто така зграда лоцирана на градскиот плоштад.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.