Се обидел да премине на Табановце, а полицијата го барала за издржување затворска казна

Сподели со своите пријатели

Педесет и четиригодишник бил приведен на Граничниот премин Табановце, откако се обидел да го премине, иако полицијата го барала за издржување затворска казна.

Loading...

– На 27.08.2021 во 16.00 часот на граничен премин „Табановце“ полициски службеници го лишиле од слобода Ф.А.(54) од село Праленик – Центар Жупа бидејќи при извршена контрола било констатирано дека истиот се бара за издржување затворска казна поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по чл.297 став 3 од Кривичниот законик, информираат од Минситерството за внатрешни работи.

Лицето е предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски