Се обидел да го изгаси олимпискиот оган па го уапсиле

Сподели со своите пријатели

Едно момче е уапсено откако се обидело да го изгасне олимпискиот пламен со кофа вода, додека факелот минувал низ градот Марацај во централен Бразил.

Олимпискиот пламен продолжил да гори, но полицијата го привела дваесет и седумгодишниот Бразилец поради обид за оштетување јавен имот.

Бразилскиот полицаец, кој одбил да го открие името на престапникот, истакнал дека наводно тоа бил предизвик преку интернет. Момчето било пуштено од притвор откако била платена кауција од 294 долари.

Олимпискиот пламен моментално е на патување од 20 илјади километри низ 300 бразилски градови, пред да пристигне во Рио де Женеиро на отворањето на Летните Олимписки игри на 5ти август.

 

Loading...