Се намалува притисокот врз болниците и бројот на нови случаи, вели Филипче

Сподели со своите пријатели

Намалување на бројот на прегледи се бележи низ ковид центрите во земјава, а намелн е и притисокот за прием на пациенти, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Епидемиолошката ситуација, вели тој, стивнува, а во текот на викендот одредени одделенија коишто беа адаптирани за прием на ковид пациенти ќе бидат ослободени односно ќе се вратат во регуларната рутина, спремни за прием на пациенти.

– Во однос на епидемиолошката ситуација, во однос на капацитетите на болниците, се бележат трендови на опаѓање на бројот на новодијагностицирани случаи, нешто што е многу значајно. Се намалува бројот на прегледи во сите ковид центри во сите градови, значајно намален е притисокот за прием на пациенти во болничките установи, има  голем број на слободни болнички кревети, а ние во рамките на таа прераспределба од денес односно викендов ќе започнеме и со ослободување на дел од одделенијата коишто беа ангажирани дополнително во овој период да третираат ковид пациенти, изјави министерот.

Филипче, верува дека овие трендови ќе продолжат, дека нема да има нешто што ќе не изненади, а на почетокот од следната недела ќе се зборува за типот на рестриктивни мерки што ќе ги предложат понатаму.

Никола Ивановски

Leave a Reply