Кон крајот на октомври, на каналот Јутјуб беше објавен новиот сингл и видеозапис за баладата „Сѐ ми е со тебе“ на познатиот кумановски рапер Тајзи.
Тајзи за новиот сингл се јавува како автор на текстот, додека музиката ја напиша заедно со Ивајо, а за изработката на спотот се погрижи продукцијата „Фабрика“.
Ова е една од моите постари песни, но сега дојде време да ја промовираме. Наесен и зиме се слушаат песни за гушкање, а ова е една од нив. Инспирација за оваа балада ми беа сите двојки што не се срамат да покажат колку се сакаат и колку си значат еден на друг. Како што кажува самиот текст – животот е клише ако нема некој што го сакаш покрај тебе – вели Тајзи за баладата „Сè ми е со тебе“.
Кумановскиот популарен рапер периодов работи на својот втор соло-албум, што треба да излезе на почетокот на наредната година.