Населението на Западна Европа значително расте благодарение на миграциите и доселувањето, додека источна Европа има проблем со демографијата поради заминувањето на жителите.
Најновата анализа на Австриската академија на науки и Демографскиот институт од Виена се занимава со развојот на населението во Европа помеѓу 1990. и 2017. година, земајќи ги предвид природните демографски развивања и миграциите.
На двата спротиваставени краеви се наоѓаат Ирска со раст од 36 осто, пред се благодарение на природниот демографски развој, и Босна и Херцеговија со најголемо намалување на жителите од 22 отсто, предизвикано со миграцијата. И Хрватска е меѓу „губитниците“, затоа што има 13 отсто помалку жители од 1990. година.
ЕБОР: Ќе бидат потребни децении Западен Балкан да достигне просечен животен стандард на ЕУ