СЕ КАЧИЛЕ НА ВУЛКАН И СТРАДАЛЕ: Четири лица загинаа во снежна лавина во Еквадор

Сподели со своите пријатели

Четири лица загинаа, а едно е повредено во лавина на вулкан во Еквадор, соопштија денеска властите.

Loading...

Група од 12 луѓе се искачиле на неактивен вулкан Чимборазо, покриен со снег, кога лавина ги затрупала на надморска височина од 6.100 метри.

Врвот на вулканот Чимборазо е на надморска височина од 6.263 метри и е највисоката точка на еквадорските Анди.