Се искачи на Олимп носејќи на грбот девојка со инвалидитет за да ѝ го исполни сонот

Сподели со своите пријатели

Тркачот на долги патеки Мариос Џанакои ја имаше трката во својот живот кога се искачи на врвот на планината Олимп, носејќи ја Елефтерија Тоси на грб.

Loading...

„Нема ништо пореално од сонот“, напиша тој на Инстаграм, додека во понеделникот во 9.02 часот по локално време стигна до Митикас, врвот на „планината на боговите“.

Елефтерија има 22 години и е студентка по биологија во Солун. Двајцата се сретнале во септември и младата жена ја изразила желбата да се искачи на највисокиот врв на Олимп, патека по која Мариос успешно поминал 50 пати.

Но, овој, 51. по ред, беше, рече тој, посебен за него.

Непосредно пред да замине на врвот, Џанакои истакна: „Заедно со Елефтерија, ќе се обидам да го искачам највисокиот врв во Грција следната недела. Елефтерија ќе биде на мојот грб во специјално дизајниран ранец “.

 

 

Loading...

„За мене, сите меѓународни трки, медали и награди досега значат малку во споредба со оваа цел“, додаде тогаш Мариос.

И така, тие тргнале, а Елефтерија била внимателно врзана за специјален ранец, кој Џанакој го носел цело време, во текот на искачувањето – и тоа траело повеќе од десет часа.

Спортистот од Драма, кој, меѓу другото, минал 270 километри во жешката пустина Ел Мармум и завршил прв на трката од 150 километри низ ледениот Антарктик, сега може да каже дека се искачил на највисоката планина во Грција со својата пријателка Елефтерија и го постигнал тоа што се чинело како невозможен сон.

 

https://www.instagram.com/p/CF85okigEn8/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply