Се градат фонтани во Соколански парк (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово поставува нова урбана опрема во Соколански парк, информираа денеска надлежните од општината.

Loading...

– Во тек е изградба на фонтаните во Соколански парк во Куманово, информираше кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

 

 

За реконструкцијата на Соколанскиот парк и паркинг со спортско игралиште во комплекс на Соколана, како што е наведено на електронскиот систем за јавни набавки, општината од буџетот одвои речиси 13 милиони денари со вклучен данок на додадена вредност.

Според планираното, во следните фази од реконструкцијата се планира изградба на изградба на детско катче, реквизити за рекреација, паркинг простор и партерно уредување околу објектот.

 

Loading...

 

Граѓаните се жалат дека недостигаат зелени површини во градот. Кумановци велат дека е потребно да се засадат дрвја на сите површини кои се сопственост на општината, малите островчиња помеѓу зградите, на сообраќајниците.

И двата парка тековно се реконструираат. Кумановци велат дека реконструкцијата се одвива доста споро и бараат да се забрза особено на стариот градски парк. И локалната власт се сложува дека реконструкцијата тече бавно.

– Навистина се одолговлече реконструкцијата на стариот градски парк. И таму се предвидени интересни содржини, има нов асфалт, пешачки патеки, набавена е нова опрема канделабри и клупи, кажа претходно, претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска.

 

 

Loading...

Несовесни граѓани успеаја да уништат и дел од урбаната опрема која општината ја постави за да ги замени дрвените клупи кои често беа мета на вандалско однесување. Последен случај беше уништувањето на опремата покрај новоизградената пешачка патека кај стариот градски парк.

МИА