Се фалел на другарите и направил проблем: Затворскиот чувар ја оштетил Германија за 50.000 евра со една фотографија!

Сподели со своите пријатели

Во еден затвор во Германија,  еден затворски чувар приправник  и нанел голема штета на Германија со само една фотографија што ја проследил преку неговиот мобилен телефон.

Loading...

Германија, односно затворот, поради небрежност на затворскиот чувар, морал да смени 600 брави откако новиот чувар, приправник, на своите пријатели на Вацап им испратил фотографија од прстенот за клучеви.

 

 

Желен да им се пофали на пријателите за својата нова работа, чуварот ги фотографирал клучевите од затворот Хајдеринг близу Берлин и ги испратил до групата за разговор.

За жал, тој не сметал дека криминалците можат да прават копии од клучевите само врз основа на фотографија и да им ги доставуваат на затворениците за време на посетата.

Од страв дека може да се случи масовно бегство од околу 650 затвореници, затворот започнал брзо да ги менува бравите, што, како што пишуваат медиумите, чинело околу 50 000 евра.

Loading...

Стражарот признал дека ги фотографирал ќелијата и клучевите, а властите набргу биле информирани за сè, пренесуваат германските медиуми.

 

 

Поради овој непромислен потег, дури 20 затворски чувари работеле дење и ноќе, така што сите брави во затворот да бидат заменети за кратко време.

Официјални лица соопштија дека старите клучеви биле уништени. Себастијан Брукс, портпарол на Министерството за правда, рече дека бравите на вратите на секоја ќелија и ходник биле заменети.

„На господинот веднаш му беше забрането влегување во институцијата, а неговата пракса беше прекината“, рече Брукс.

Тој исто така истакна дека сметката за промена на бравите може да се издаде на „збунетиот приправник“.

Loading...

Leave a Reply