Се фалеа на „Фејсбук“ како седат во златни столици, па завршија во затвор (фото)

Сподели со своите пријатели

Еден од четворицата рпиведени се фотографирал со фантомка на главата и се шалел дека поради тоа што има намера да го направи може да заглави во затвор на 35 години.

банда од Манчестер која се фалила со своите бизниси во нарко светот и златен престол, на кој се фотографирале, осудена е на казна затвор од вкупно 40 години.

Четоврицата мажи биле на чело на трговијата со дрога. Наркотиците ги криеле во кутии за храна за кучиња, а за своите нелегални бизниси користеле кодорани воени мобилни телефони.

Loading...

Додека ги обавувале своите бизниси се фалеле и на социјалните мрежи.

Во една порака еден од нив се фотографирал со фантомка и напишал дека поради она што имам намера да го направи може да заглави во затвор на 25 години. На друга фотографија, другите приведени се фотографирале на златен престол, во одело носејќи очила, пишува „Дејли мејл“.

Но, големата акција на бандата започнала да се руши во јули минатата година кога полицајците пронашле еден од нивните муштерии, со четврт килограм коакин. Следувала брза полициска истрага во која било утврдено дека Мохамед Џабар и Мохамед Рахид, двајцата четириесетгодишни, ги снабдевале муштериите. Отриени биле и другите двајца членови на бандата, Џереми Куран (34) и Џонатан Клорли (25).

Кога биле приведени полицијата во две кутии храна за кучиња и една за прашок за перење алишта открила 2,5 килограми кокаин. Полицијата со прегледување на нивните телефони сфатила колку биле арогантни. откриле дека Џабар разговарал со „колега“ од Блискиот исток со кој договарал достава на хероин вреден 375.000 фунти до Џејми Куран.

 

 

Со оглед дека ја признале вината за тргоија со кокаин и хероин, Џабар бил осуден на 15 години затвор, Куран добил 14,5, Мохамед Рафик 112, а Клорли добил најмалку, седум години затвор.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.