Се допишувале цела деценија, а потоа дознала дека нејзиниот соговорник воопшто не постои

Сподели со своите пријатели

Кога станува збор за допишувањето и дружењето во виртуелниот свет, иако не можеме да го видиме соговорникот и неговите реакции, не можеме ни да бидеме сигурни дали навистина комуницираме со личноста која се претставува, а понекогаш тоа има исто значење како и дружењето во живо.

Loading...

Можното пријателство, занес и посветеност на таква врска не е невообичаено, но тоа е, за жал, плодна почва за измама која може да има огромни последици.

Кират Ази (42) од Лондон почнала да се допишува со маж уште во 2009 година.

 

 

Се започнало кога на Фејсбук добила порака од поранешното момче на нејзината сестра, кој побарал совет како да ја обнови нивната врска.

Се зближувале и се зближувале, пет месеци се допишувале, а потоа починал, пренесува „Дејли мејл“.

Loading...

Потоа, сестрата Симран Богал ѝ ја дала адресата на е-пошта на неговиот брат Боби, за да изрази сочувство.

Подоцна си размениле профили на социјалните мрежи и, како што таа верувала, Боби бил доктор кој живеел во Австралија, а поради сличните ставови и интереси тој и Ази брзо се заљубиле еден во друг.

Тие комуницирале секој ден и постојано ја договарале првата средба во живо, но секој пат нешто му искрснувало  на Боби.

 

 

Еднаш дури кажал дека имал срцев удар и дека завршил во болница, а секогаш кога Кират го испрашувал подетално за неговиот живот и причините зошто никогаш не се сретнале, почнувал да се заканува со самоубиство.

Годините минувале, а бидејќи средбата не се одржала, Кират сфатила дека е време да се утврди што е работата.

Loading...

Ангажирала приватен детектив и по истрагата која траела неколку месеци и опфатила многу сведоци, било утврдено дека Боби навистина постои, единствено е што никогаш не се слушнал за Кират, ниту пак знае која е таа.

Лицето кое и ги праќало пораките всушност го украло идентитетот и фотографиите на Боби, а како што открил детективот, тоа лице цело време била во непосредна близина на Аза.

 

 

Шокирани од информацијата, детективите ѝ рекле дека целата работа ја започнала нејзината внука.

„Ова влијаеше на моето здравје, семејството, пријателите, социјалниот живот, кариерата! Ми го уништи животот и ми требаа десет години”, рекол Кират откако дознал.

Според „Дејли мејл“ се работи за еден од најсложените и најдолготрајните случаи на измама, односно лажно претставување на интернет.

Loading...