Се допишувал со девојка на слепо дури осум месеци, а потоа открил та е неговата цимерка

Сподели со своите пријатели

Наставникот по физичко образование, кој мислеше дека повторно ја нашол својата љубовта по разводот, подоцна откри дека цело време се допишува со својата цимерка која била лудо за љубена во него.

Loading...

Марио, роден во Милвоки, кој живее во Западен Лондон 11 години, го смени животот по распадот на бракот, по што остана без покрив над главата и не можеше да ги види своите деца.

– Тешко ми беше со разводот, почнав да пијам да се дрогирам, бев бездомник, не можев да ги видам своите деца девет месеци. Морав да се сменам. Подоцна се појави и Хана – рече Марио, додавајќи дека ја запознал Хана преку апликација за состанување.

 

 

Тој исто така објасни дека за после осум месеци допишување се обидел да ја сретне „Хана“ во живо, но таа секогаш се откажувала во последен момент. Тој стана малку сомнителен, па ги контактираше водителите на емисијата „Сом“ со надеж дека ќе успеат да ја најдат.

Батлер и Џули Аденога започнаа истрага и на крајот открија дека „Хана“ всушност е Кортни – цимерката на Марио и поранешна привилегирана пријателка која лудо била вљубена во него.

Loading...

Кортни, која е и деловен партнер на Марио, користела слики од жена од Нов Зеланд. Тие успеале да стигнат до една жена од Нов Зеланд која не знаеше дека некој ги користи нејзините слики.

 

 

– Тој е мојот најдобар пријател и цимер. Се знаеме скоро пет години. Сакав да видам како би било да бидам негова девојка, бидејќи јас сум очајно за вљубена во него – изјави Кортни.

Марио бил шокиран кога дознал дека Хана всушност била Кортни. Тој додаде дека знаел за нејзината љубов кон него.

– Ја сакам Кортни како пријателка, како семејство, но тоа е тоа. Не би отишло подалеку од тоа – рече Марио.

И покрај предавството, Марио и прости на Кортни и тие продолжија да живеат заедно и заедно да го водат бизнисот како пријатели.

Loading...

Leave a Reply