Се чисти атмосферскиот канал на Серава (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Деновиве започна акцијата за расчистување на атмосферската канализација низ кумановско, поточно кај поток Серава и речните корита во градот.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”405″]

 

Како што информираше денеска градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски тендерската постапка е завршена пред дваесетина дена, но поради ангажманот во поплавените подрачја во скопскиот регион работата на терен започна со задоцнување.

Моментално се наоѓаме на влезот на Серава тоа е најмголемиот канал за атмосферска вода која оди од Мачја глава од Романвоце бидејќи тука е најоголемо сливно подрајче самите забележувате дека е исчистено максимално отворање и заштита со решетки, така што на некој начин безбедноста на овој дел од градот е гарантирана за поголем обем на вода. Отворено прашање на општина Куманово е каналот покрај автопатот кој е на агенцијата за државни патишта и мислам дека тука е исто така сериозен проблем особено на каналот кој се прекинува некаде кај населбата Тоде Мендол и не конектира доле со реката Липковка бидејќи тука е главната дренажа на тој канал и тука е исто така проблем за поголеми обилни и сливни поплави – рече Дамјановски.

Како што истакна тој ќе продолжи и чистењето на реките Липковка, Кумановка и Којнарка, а оние места исчистени минатата година ќе продолжат да се уредуваат. Ќе се чистат и нараснатите диви гранки кај маркетот „Туш“ и старата кланица, каде има и грлен шут, како што вели Дамјановски поради немарноста на самите граѓани.

Ние ќе успееме во тек на овој месец и септември да ја завршиме акцијата. Тендерот е во висина од 2 милиони и 800 илјади денари Ќе делуваме превентивно на сите делови од градот и приградските неселби се надевам дека оваа превентива ќе вроди со плод и да имаме некакави обилни дождови ќе ги дочекаме подгортвено. Ова е канал со најголем обем тој се правеше по поплавата 1976 година кога имаше елементарна непогода со големи последици за Куманвоо мислам дека габаритот е огромен височина 3 метри широчина до 9 метри, но во течението имаме доста гранки, имаме заштаита но немарноста била и ќе биде голема. Треба да работиме на подигање на совеста, бидејќи ако тоа не го правиме не можеме да ги постигнеме зададените цели – додава Дамјановски.

Градоначалникот упати апел граѓаните да бидат совесни и да ја чуваат животната средина.