Се чистат дивите депонии во Куманово

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ почна со акциски расчистувања на „дивите“ депонии во руралните средини, соопштија денеска надлежните.

Loading...

Според проценките на претпријатието во градот и околината има над десетина поголеми и 40-тина помали депонии. Изминатава недела исчистени се депонии во Горно Којнаре и Табановце.

– Преку грант со задолжување од Светска банка општината набави опрема која се користи за расчистување на дивите депонии. Во текот на оваа недела планирано e чистење на онаа „дивата“ депонија на влезот на населбата „Перо Чичо“. Екипите веќе се на терен, се работи на чистење на улицата „Ѓорче Петров“, а утре доколку дозволат временските услови започнуваме повторно по којзнае кој пат ќе се чисти депонијата. Упативме безброј апели до граѓаните, меѓутоа како и да е таму повторно продолжува истиот тренд на создавање на таа депонија, која претставува проблем особено за жителите коишто живеат во населбата, изјави директорот на претпријатието, Даниел Стојчевски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  77 санкционирани возачи изминатиот викенд во Куманово

Оваа депонија често гори и е ризик за зголемување на аерозагадувањето во Куманово. Јавното претпријатие последниве три-четири месеци изнесува од 2.800 до 3.200 тони смет.

Менаџерскиот тим повика на совесност кај граѓаните и најави дополнителна едукација за жителите од неколку населби каде што и покрај чистењето брзо се создава депонија.

Стојчевски вели дека е потребна соработка и од инспекцијата. Тој одговарајќи на новинарски прашања нагласи дека изнесувањето на сметот е согласно динамичниот план и дека со тек на време подобрени се и условите за изнесување на смет кој во вонградежниот опфат е еднаш неделно, а во градежниот двапати неделно.

Во изминатава година поставени се над 900 нови садови за смет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Се враќа утринскиот минус!

– Садовите за смет што ги поставуваме во населбите и селата каде што луѓето се занимаваат со земјоделство ги користат за складирање на отпад којшто не е органски. Често има и шут, земјоделски производи, и тоа претставува дополнителен проблем а и ја оштетува опремата со којашто се изнесува самиот смет. Изнесување на смет на градската депонија се наплаќа 0,2 денари од килограм или 200 денари по еден тон. Во депонијата нема регулирано изнесување на градежен шут и земја, но земјата којашто се носи,често и не ја наплаќаме бидејќи ја користиме за санирање на депонија и третирање на отпадот со земја, вели Стојчевски,

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановските угостители стравуваат од недостиг на кадар во пресрет на летната сезона

Куманово веќе селектира стакло, но помалку успешно хартија и пластика. Според Стојчевски дел од собирачите на овој вид отпад ги уништуваат специјализираните садови.

– Ќе разговараме со дивите собирачи може и да им понудиме како што беше во минатото и да работат во рамки на „Чистота и Зеленило“, дополни Стојчевски.

Инаку, за полуподземни контејнери општината годинава одвои скоро осум милиони денари, слично како и минатата 2021 и предминатата скоро шест милиони денари.

МИА